速報APP / 社交 / MChat - Dating App

MChat - Dating App

價格:免費

更新日期:2019-06-08

檔案大小:57.2 MB

目前版本:1.2

版本需求:需要 iOS 10.0 或以上版本。與 iPhone、iPad 及 iPod touch 相容。

支援語言:英語

MChat - Dating App(圖1)-速報App

MChat е првата македонска мобилна апликација наменета за запознавање и дружење. Нашата компанија воедно и внесува иновација на македонскиот пазар во областа на онлајн запознавањето.

MChat е локациски базирана мобилна апликација, при што корисниците се прикажуваат по далечина, а како појдовна точка се зема вашата моментална локација. Исто така, корисниците можат да се видат и на мапа, не само во Македонија, туку и насекаде по светот.

Како дополнителна функција, MChat нуди и алгоритам на совпаѓање. Преку функцијата Привлечен/на или Не, можете да ги прегледате профилите на останатите корисници на апликацијата, и да ги означите со Привлечен или Не. Доколку двајцата корисници означат Привлечен/на, следи совпаѓање, при што може да се оствари комуникација преку четот, кој што е интегриран во самата апликација.

Преку мобилната апликација MChat ќе може да ги следите и актуелните новости, претежно од забавен карактер.

MChat - Dating App(圖2)-速報App

Покрај тоа, исто така нудиме и Премиум функционалности за месечна или годишна претплата. 

- неограничен број на преглед на профили

- директно праќање на пораки

- пристап до мапата

- видете кој ви го посетил профилот

MChat - Dating App(圖3)-速報App

- неограничен број на допаѓања

- видете веднаш на кого му се допаѓате

- премиум ознака на вашиот профил

Сите останати функционалности се бесплатни за сите корисници.

MChat - Dating App(圖4)-速報App

MChat Премиум е достапен на месечна база за $1.49 (USD) или пак на годишна база со еднократна уплата од $11.99 (USD). Плаќањето се извршува преку вашиот Apple ID корисник. Месечната претплата автоматски се обновува секој месец. Може да се подесува и/или откаже преку корисничките подесувања во App Store. Претплатата ќе биде наплатена во рок од 24 часа пред крајот на моменталниот претплатен период.



Правила на користење - https://mchat.mk/terms-and-conditions

Политика на приватност - https://mchat.mk/privacy-policies

MChat - Dating App(圖5)-速報App

支援平台:iPhone